• понеделник, 23 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
6 август 2020 Народни приказни Детето што знаело пиуски јазик Си биле некош некој гаврани. Три биле. Едно детенце било и една жена и мажот. Овај мажов гавранов машки рече: - Знајш што жено? Јас ќодам на груебет, ти ќе ме чекаш седум години. Ако сакаш уште две години да ме чекаш од гурбет да си дојдам, да не се мажиш, добро, не - не мојш да се мажиш. И така тој задоцниу едно полојна година. Гарванот. И та немала што, детево не мојла да го... (Ако е вистина, голема лага!) И не мојла да го гледат детево и се зела со некој вдоец. Зела некој вдоец и сега, не би час, полојна година, си дојде гавранот. И сега не се карат тие со овај, да речиме немесников што го има, туку викат, ќојме ќе се прашаме кај царот. Добро. И одат сега кај палатот царски секи ден. Серат, сиот палат саде лајна. Гра, гра, гра, гра, цело време, преку цел ден. Се засрау сиов, палатов. Се виде чудо царов. „Што можит да бидит со овие пилиња, барат нешто овде кај мене!“ Едно време наредуват тој на сувариите, суварии и викале џандариве што имаме сега, милицијава. - Ќе ојте - рече -од село на село, од град на град, од трло на трло, по овчари, по едно по друго ќе барате да научите кој знајт пиуски јазик. Пиуски јазик. Да го донесите, голем биу, мау биу, за рамејнци, на коњи да го донесите. И овие почнале. Овде-онде, ваму, таму ајеее. Едно време некој чоек орау. - А бе, дедо, добро утро. - Дај Бог добро! - А бе, да не знајш некој пиуски јазик да знајт - рече- ли машко или женско, или мало, или големо. - А бе, она детено што си играт онде во песокна имат седум-осум години, знајт то. Разбират по пиуски јазик. То е мое. - Големо богатство, гоолеми пари царот ќе дајт. И тие без да го прашат стариов, го кренале детево - пуста пустина! Не му дале ништо то време. И кондисуваат пред царов. - А бе, - рече - дете, ти пуски јазик знајш? - А бе, честити царе, вие не знајте, јас ќе знам? - Е слушај. Три дни мувлет имаш, иначе глата ти ојт. Треба да кажиш. Детево: -Добро - рече. - Е сега ќе викниме гавраните. То оп, гавраните дојдо. И се набрау народ плебор. Пуски јазик некое дете знајт. С’испоунило то палатот народ, гледат што чоек е тој. Едно време тап гавраните дојдо и грачат. Едниот настрана стојт, онака. Овај мажот што е имау. А овај што е имаше сетне, до нја стојт и гавранчето. Прашаат. Значи прашало детево. - Што сте? И тие му кажале по пиуски јазик. - Овај - рече - честити царе, од десно што му стојт, онај самијон од десно што му стојт на онај другион гавран, маж и жена биле. Она му е дете, од старијов. Ама оваа го чекала седум години - на царов му викат - не си дошоу на седумте години и се мажила сосе дете кај оној до нја што стојт. Сега те прашат тебе кому му се паѓат детево. Кој да си е земит женава? Тој му рекоу вака: - Има право таа седум години да го чекат по закон. Две години требало да го чекат за атер. Да си е земит оној што е имаше првин женана. Да сјојт оној што е зеу вдоецон, да си барат вдоица. На жив маж жена не се земат. И тој си појде од десно фап, си е зеде гавранката, гавранчето. И немат, се очисти то палатот. Едно време министрите му викаат: - Честити царе, знајш што?Детево можит слон во градинкава да ни донесит. - Слон жив се носеу така!? - Можит! Му нередуваат, значи како одборов. - Добро - рече - дајте ми мувлет три дена. Отиде то детето, дека пиуски јазик знаеше, се прошета по планињето. Наоѓат некој три орли. - Ваква ми е - викат - работата. Што можит... Што можит да бидит? Му викаат орливе вака: - Ќе му сакаш на царот девет коли, ќе му сакаш бела книга, дванајсет коли ќе му сакаш мастило. И ќе пишуваш со то мастилото. Ова велит: - Не то, да ми кажите вие, ми сакат мене слон царот. - А за слон, - рекле орлите. - Ќе појш на виљан место, на виљан планина. Имат еден извор тука слонојте идат. Ќ’ископаш еден бунар сув. Ќе туриш пет илјади кила вино, и ќе го покријаш. Водата ќе е покријаш со буки. Ќе пијат од виното ќе сопијанат, кревај еден бегај. - Му велат орливе на детево. Си дојде тој. - Да ми дајш - рече - педесет мина аргати и да ми дајш четири коњи и сања и пет илјади кила вино. Ојт таму. - Копајте - рече - овде. Ископаа тие турија виното и стана тука.- Ојте си сега јас ќе викнам ко ќе дојдат, за да го крениме. Дошле овие слонојве, пиле, пиле, ко дошоу некој големи нападнау сите и му викнау на виното. Пиу, пиу, пиу туку оп с’окутали. Брго тој сањата, коњите пу г’однесоу. Ни врзан ни нешто обградено. Кога се сетиу тој слонот, се ќе испотепат. Ништо. На министриве му дојде уште полошо. Едно време му викат министриве: - Слушај да го прашаш детево, коуку имат на небото ѕвезди, коуку имат на земјава народ. - Му велат министриве на царов. И му велит царов на детево. - Дете, - велит- вака и вака. - Добро, честити царе, - рече - лели вие династија имате, тие рабоќе јас што знам? - Мувлет имаш тоуку. И то: - Добро. Појдуват кај орливе. Пак. - Некни ти казавне, еве сега пак ќе ти кажиме. Ќе земиш девет коли бела книга, дванајсет коли мастило. И ќе пишуваш дур да с’испишат сите букви. Коуку букви имат писано, тоуку имат на небеси ѕвезди, тоуку имат на земајта народ. - Е, добро. Дојде, му барат на царот. Му дават тој. Застанау три месеци, тапа, тап, тап тап. Едно време сега ќ’изнашат рачунот. - Прочитајте - рече - тоуку имат на небото ѕвезди, а тоуку имат на земјава народ. - Ами седумнајсет појќе излагат. - Му велат министриве. - Да - рече - оти во ноќта се ражет сто и педесет, во денот умирет сто и осумдесет. На сатот се мењават, десет појќе, сто појќе. То не можит да бидит еднакво како на земјата луѓе, така на небото ѕвезди. Се врза и то. Е сега... - Чести царе - му велат министриве. Имало некоја кула закоппана пред потопот. Некаде, некој врв. Ќе е најт детево каде е. - Тие знајле оти во та планина е кулата затрупана, со злато покриена. Ама не знат точно каде. Едно време му велит нему пак царов. - Добро, честити царе, - рече - ја што знам? - Иначе глата ќе ти е... - Добро. Ојт пак тој таму кај орлите, кај што биле. Му викаат орлите: - Слушај ваму! Ќе му сакаш шесстотини гојда, волој. Ќе му сакаш сто касапи. И ти, - орливе му кажуваат - ќе го распастрмиш месото со череци, со едно со друго, ќе е постелиш планинава сета со то. И ќе му земиш еден бијоу очистен, внатре празен, простум да стојт. И ти во него ќе стојш. Ќе дојдат орли многу да јадат од месото, а едни орли пак старци ќе застанат на биолот и ќе муабетат. Тогај од нив ќе разбериш каде е кулата. - Му велат орливе. Си дојде тој. Му викат: - Дај ми тоуку месо, дај ми тоуку аргати. Зеде месово, зеде аргативе, касапиве, распосла. Јадо три дни и три ноќи. Секакви лиоти, мечки, воуци, се што имат планината живинка. И едно време ко се најадо, тап орлите... Трите стари орли, двајца министри од орлите и тој, старијот, царот. - Знајш што - рече - едно време ко се закопуваше кулава со златово, со париве, курбан вака месо јадевме, сега дојде време да с’откопат, зато јадиме. Ко е закопуваа баш овде под бијолов, вака беше и сега дојде времето да се орткопуват. И овај смрдал од биолот. Летнале орлите. Сјотиде тој ама дека тоуку време без воздух, без јадење, без вода се напрау ко восок. Отиде таму кај царот... -Ќе ми дајте - рече - три месеци мувлет. Да се земам себеси. Добро, му дале. - Е сега, давајте - рече - од овде, давајте една линија. Тап линија напраја таму кај местото. Аргати... и е откриваат кулата. Ајде, ајде, ајде, ајде, е отскриле кулата сета. И почна да е црпат. Оцкриваат, та дека цела со злато, ѕидој, покривач околу се. Креват, носат со онаквото, со теснолинејката кај царот. Поунат тамо некој магазин. И се докрена та. Добро. Сега царот му викат вака: - Слушај! Сега што добро ќе сакаш ти за ова што го напрај? - Честити царе нејќам ништо. Само ќе појдат тие сувариите што ме зедоја мене тогаш од кај татка, ќе појдат тамо пак, тој пак орат. Ќе му е потсечат глата на татка. Коуку што ќе теѓит глата, на терезија ќе е клајте, коуку што ќе тежит та, тоуку одавде злато ќе клајте. Ко ќе се нарамнит глата и златото тоуку сакам бакшиш од кулата. Добро. Одат тие двајца суварии го наоѓаат чоекот кај орат. Тап со сабјата му е поткинуваат глата. Донесо. Е зеде то детето глата, е кладе со очите кон магазинот тамо до вратата поблизу. Клават сега злато на вагата. Ојде кулата сета. Не може да се крени. И сја овај пак договор имат напрајно со странци, со сведоци едно, друго, со царој. Договор напраја. Сега велит што ќе бидит? Сега по договоров морат царов диспоунит работиве. Да му дајт пари коуку глава што тежит. Е тој - ајде од народов прстење, обетки... Го собрау сето злато што беше, сатој, рабоќе, се. Не се креват никако. А сега овај се оружа се напрај официр. Сабја, едно друго врзау. Ама сите овие големиве, министриве, се тука околу него. - А бе - рече - слушај, честити царе. Јас ќе ти кажам како. Нека излезат, овие... ти, ти ти...- Овие што го мачеја. Ќе му држам говор - рече - и ќе ви кажам што требат. Ко излего тие, тој му влегол со сабјата - так, так, так г’исекол сите што го мачеја, г’остал само царот. - Клајте сега - рече. Завртеу глата со тилот кон магацинот. - Клајте сега. Кладо коуку една рака. Оп се крена вагата. - Зошто, - му велит царов - зошто вака напрај? - Зашто татко - рече - ме даде за пари мене. Чоечко очо никојпат наситка немат, за пара или за богатство. Зато - рече - не се креваше глата таму. Сега тилон не и ’и гљат парине, тоуку то тежит, еден грс злато. И се сомле работава. И то сетне си остана цар, престолонаследник кај царот, ама министриве и покоси. Така. Од Демирхисар, раскажана од Илија Николов Кочовски од с. Слојштица. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан