• среда, 10 јули 2024

Израелската армија фрли летоци врз градот Газа и ги повика жителите да го напуштат

Израелската армија фрли летоци врз градот Газа и ги повика жителите да го напуштат

Газа, 10 јули 2024 (МИА) - Израелската армија денеска фрли летоци врз градот Газа, повикувајќи ги „сите луѓе“ во северната област на опколената палестинска територија да одат кон југ, користејќи ги „безбедносните коридори“.

„Безбедносните коридори им овозможуваат на сите лица кои се наоѓаат во градот Газа да одат брзо и без проверки од градот Газа во засолништата во Деир ел-Балах и Ал Завија“, се наведува во летокот.

„Газа Сити останува опасна борбена зона“, се предупредува во текстот.

Армијата денеска ги продолжи операциите во Појасот Газа, особено во градовите Газа, Шуџаја и Рафах, на југот на територијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан