• четврток, 11 јули 2024

Уапсен маж осомничен за убиство на семејството на коментатор на Би-Би-Си

Уапсен маж осомничен за убиство на семејството на коментатор на Би-Би-Си

Лондон, 10 јули 2024 (МИА) – Полицијата во Велика Британија денеска соопшти дека пронашла и уапсила маж осомничен за убиство на сопругата и двете ќерки на коментатор на Би-Би-Си и оти на осомничениот му е пружена медицинска помош поради здобиени повреди.

Полицијата во Хертфордшир во соопштението информира дека Кајл Клифорд бил пронајден во областа Енфилд во северен Лондон. Би-Би-Си потврди дека убиените жени се семејството на познатиот коментатор на радио трки Џон Хант, неговата сопруга Керол Хант и нивните ќерки Хана и Луиз.

- По опсежната потрага, осомничениот е лоциран и никој друг не се бара во врска со истрагата во овој момент, изјави инспекторката Џастин Џенкинс од Единицата за теши злосторства во Бедфордшир, Кембриџшир и Хертфордшир.

- Ова останува неверојатно тежок период за семејствата на жртвите и би побарале да се почитува нивната приватност додека се помируваат со она што се случило, додаде таа. јт/

Фото: Х

Остани поврзан