Израелските сили продолжуваат со нападите врз Газа, најмалку 15 загинати
- Најмалку 15 лица загинаа во нов израелски воздушен напад врз две станбени куќи во градот Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа.
Газа, 4 ноември 2024 (МИА) - Најмалку 15 лица загинаа во нов израелски воздушен напад врз две куќи во градот Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа.
„Неколку луѓе се уште се заробени под урнатините по нападот“, изјави очевидец.
Израелската војска дополнително ги засили смртоносните напади во северниот дел на Газа од 5 октомври, тврдејќи дека се обидува да ја спречи палестинската група на отпорот Хамас да се прегрупира. Палестинците, сепак, го обвинуваат Израел дека сака да го окупира тоа подрачје и насилно да ги расели неговите жители. рп/
Фото: МИА архива