• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тајани: Италија одвои 68 милиони евра за финансирање хуманитарни проекти и обнова на инфраструктурата во Сирија

Тајани: Италија одвои 68 милиони евра за финансирање хуманитарни проекти и обнова на инфраструктурата во Сирија

Рим, 27 март 2025 (МИА) - Италија одвои 68 милиони евра за финансирање хуманитарни проекти и обнова на инфраструктурата во Сирија, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, нагласувајќи дека од клучно значење е да се поддржи транзицијата во Дамаск.

„Почетниот пакет е доделен за хуманитарни иницијативи во болничкиот и здравствениот сектор, инфраструктурата и зајакнувањето на синџирите за снабдување со храна. Нови проекти за соработка ќе бидат покренати во наредните недели. Планираме да организираме и бизнис форум за обнова“, рече Тајани.

Претходно овој месец, донаторите на конференцијата предводена од Европската унија ветија 5,8 милијарди евра за да им помогнат на новите власти на Сирија во соочувањето со предизвиците на транзицијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан