• понеделник, 23 декември 2024

„Дивље јагоде“ со новиот албум на медиумска промоција во Скопје

„Дивље јагоде“ со новиот албум на медиумска промоција во Скопје
Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) - Основачот на групата „Дивље јагоде“, Зеле Липовача, утре ќе има средба со новинарите, пријателите и нивните фанови во „Avalon Music & Ticket Store“ во Скопје, каде ќе го промовира и нивниот нов албум „Jukebox“. -Сè што сонував како момче и тоа што требаше да биде неисполнета бајка стана реалност. Значи, чуда се можни! По 40 и кусур години, албумот „Jukebox“ не е големо, но тој е секако мало чудо, соопшти Липовача, по повод новиот албум. Албумот „Jukebox“, како што се наведува во соопштение, е симбол на нивните почетоци, пролазноста на времето, но и порака дека никогаш нема да ги заборават своите стари хитови и членови. Со албумот, пејачот Тони Јанковиќ станува полноправен член на групата, а тој е дел и од насловната песна „Jukebox“. Музиката и аранжманот ги потпишува основачот и гитарист на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача, а текстот го пишувал хитмејкерот Ненад Нинчевиќ. -Концептот на овој албум е значително различен од сите претходни, а идејата за ваков проект потекнува од лојалните фанови на бендот. Сходно на тоа, на албумот „Дивље јагоде“ им беа домаќини на поранешните членови: Тони Јанковиќ, Младен Војичиќ Тифа, Санин Кариќ, Жанил Татај Жак, Ненад Бориќ и Един Шеховиќ Шеха, кои заедно со „Дивље јагоде“ слават 40 години постоење на овој неверојатен состав, информираат организаторите. Со новиот албум, објавен е видео-спот за песната „Jukebox“, во кој „Јагоде“ евоцираат стари спомени и се присетуваат на повеќе од 40 години успешна кариера. Тие спотот му го посветија на Мустафа Исмаиловски - Муц, клавијатурист во оригиналната постава, но и на нивната публиката.бт/са/

Остани поврзан