• петок, 22 ноември 2024

Ќе се реконструира железничката станица во Куманово

Ќе се реконструира железничката станица во Куманово
Куманово, 29 април 2021 (МИА) - Летово ќе се реконструира железничката станица во Куманово, најави директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Република Северна Македонија Хари Локвенец. Проектот  за реконструкцијата на објектот е вметнат во последните измени на планот за изработка на првата и втората фаза од Коридорот 8, пругата од Куманово- Бељаковце- Крива Паланка. -Железничките станици во државата се реконструирани со проектот на ИПА програмата, десет железнички станици. Во нив не беше влезена, не знам од кои причини железничката станица во Куманово, една од поубавите станици во државата. Направивме напори со последните измени на планот за изработка на првата и втората фаза на коридорот 8 пругата од Куманово до Бељаковце и до Крива Паланка, ставена е и во работните задачи и реконструкцијата на железничката станица Куманово, сето тоа нормално во соработка со градоначалникот на Куманово, како иницијатива и како потреба тоа да се случи, изјави Локвенец. Тој очекува тендерската постапка да заврши до летото и изведбата да почне исто така ова лето. -Водејќи сметка дека тендерската постапка е во тек со наши реални очекувања да заврши ова лето и исто така ова лето да почне со изведба на овој инфраструктурен проект, очекувам дека во самиот старт, на самиот почеток ќе биде почната и со реализација, реконструкцијата на железничката станица во Куманово, информираше Локвенец. ам/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан