Перински на презентација на активностите за Регионалниот центар за рехабилитација на деца кои се излекувани од канцер во селото Кучково
- Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе присуствува на презентацијата на реализираните активности за реконструкција на објект на основно училиште и негова преадаптација во Регионален центар за рехабилитација на деца кои се излекувани од канцер во во селото Кучково во Општина Ѓорче Петров.

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе присуствува на презентацијата на реализираните активности за реконструкција на објект на основно училиште и негова преадаптација во Регионален центар за рехабилитација на деца кои се излекувани од канцер во во селото Кучково во Општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од Министерството, реконструкцијата е во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
На презентацијата освен Перински, како што најавуваат од Министерството, ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и в.д директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Розета Арсовска.фф/са/
Фото: МИА Архива