Ќе има доволно свежо свинско месо, мерки за помош на свињарите од кумановско
- Државава нема да увезува свежо свинско месо поради состојбата со африканската чума во кумановско, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при посетата на кумановската компанија „Махагони“. Тој нагласи дека мора да се преземат превентивни мерки за заштита од африканската чума. Најави и поддршка за одгледувачите.
Куманово, 23 март 2023 (МИА) - Државава нема да увезува свежо свинско месо поради состојбата со африканската чума во кумановско, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при посетата на кумановската компанија „Махагони“. Тој нагласи дека мора да се преземат превентивни мерки за заштита од африканската чума. Најави и поддршка за одгледувачите.
-Сметам дека штетата може да биде многу поголема и за одгледувачите и кон населението. Затоа мораше да се преземат. Како што се справуваме со истиот момент со африканската чума пред неколку години, ќе се справиме и сега, изјави Битиќи.
Како што дополни, одгледувачите ќе се помогнат со одредени мерки.
-Гарантирам дека свежо свинско месо ќе има доволно на трпезите на секој еден граѓанин затоа што, сметам дека има доволно количини во државата, изјави вицепремиерот.
Запознаен е со информациите за оваа тема, но додава дека состојбата будно и на контролиран начин ја следат Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со МЗШВ.
Вицепремиерот Битиќи нагласи дека никој нема да биде оштетен.
Одгледувачите на свињи од кумановско, вчера имаа средба со претставници на АХВ за оваа состојба.ам/лв/
Фото МИА