• понеделник, 23 декември 2024

Ќерката на Мила Јовович на рeвија на Модната недела во Париз

Ќерката на Мила Јовович на рeвија на Модната недела во Париз

Париз, 9 март 2023 (МИА) - Ќерката на холивудската глумица Мила Јовович и режисерот Пол Андерсон, се прошета на ревијата за новата колекција на брендот „Миу Миу“ на Модната недела во Париз.

Potrebbe essere un'immagine raffigurante 1 persona, in piedi e calzature

Надежната Евер Андерсон (15) се појави облечена во „тексас“-фустан, искомбиниран со црвена чанта и необични чевли создадени како некаков спој од чизми и апостолки. Девојката инаку, истовремено гради кариера и како модел и како актерка. Многу обожаватели пишуваат дека Евер е „копија“ на нејзината, засега далеку попозната, мајка.

Евер е родена 2007 година, две години пред Мила да се омажи за татко ѝ Пол В.С. Андерсон. Тие имаат уште две ќерки - Дашиел (7) и Осијан (3).  си/

Фото: ЕПА; Фејбук-страницата на „Миу-миу“.

Остани поврзан