• четврток, 18 јули 2024

Њукасл може да го ангажира Инсиње бесплатно следното лето

Њукасл може да го ангажира Инсиње бесплатно следното лето
Њукасл, 11 ноември 2021 (МИА) - Њукасл покажува интерес за напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње, објави новинарот Николо Шира. Англискиот клуб ја следи моменталната ситуација на 30-годишниот Италијанец и е подготвен да го ангажира фудбалерот како слободен играч следното лето. Во сезоната 2021/22, Инсиње одигра 14 натпревари за Наполи, постигна пет гола и четири асистенции. Актуелниот договор на фудбалерот со клубот од Неапол е со важност до крајот на јуни 2022 година. зс/

Остани поврзан