• понеделник, 23 декември 2024

Њуелс Олд Бојс ќе биде последниот клуб на Меси

Њуелс Олд Бојс ќе биде последниот клуб на Меси

Мајами, 26 септември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси нема да го продолжи договорот со клубот од САД, објави „Ел Национал“.

Триесет и седумгодишниот фудбалер ќе го напушти клубот во 2025 година и ќе се врати во Аргентина за да ја заврши кариерата во татковината како играч на Њуелс Олд Бојс.

Меси основал продукциска компанија за создавање филмови и реклами

Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. Напаѓачот одигра 32 натпревари за американскиот клуб, постигнувајќи 27 гола и 17 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан