• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Љутков: Гостивар заслужува внимание и поддршка од Министерство за култура и туризам

Љутков: Гостивар заслужува внимание и поддршка од Министерство за култура и туризам

Гостивар, 7 април 2025 (МИА) -  Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, неговиот заменик Седат Сулејмани остварија низа средби со вработени во институциите од областа на културата во Гостивар и објекти значајни за културата.

На средбите со директорите на националните установи се запознаа со активности и идните проекти кои се реализираат со поддршка на Министерството за култура и туризам, а исто така и со проблемите со кои овие установи се соочуваат во текот на работењето.

Министерто Љутокв посочи дека денешната посета на Гостивар е потврда за посветеноста кон културното наследство и богатството кое го носи овој регион.

- Културата не е само одраз на нашата историја, туку и основа на нашата иднина. Со поддршка на националните институции, работиме на зачувување и промоција на нашето културно наследство, кое е основа за развој на туризмот, рече Љутков.

Тој напомена дека треба да се продолжи со реализацијата на проекти кои не само што ќе ги заштитат нашите културни вредности, туку и ќе го направат Гостивар и Македонија атрактивна дестинација за сите кои сакаат да ја откријат нашата богата културна и историска традиција.

По посетата на старата џамија во селото Равен еден од поважните објекти од културно богатство  на Гостивар, министерот напомена дека во нејзината заштита повеќепати е интервенирано и за таа цел се вложени 130 илјади евра.  За оваа година предвидено е 1.5 милион денари за делови во ентериерот; обработка на фасадата на минарето и да се заврши партерното уредување на дворот на џамијата.

За заштита на на црквата Св.  Димитрија   изградена во 1840 година и на која годинава ќе се реализира втората фаза на основен проект за конзервација и реставрација на архитектурата досега се доделени околу 35 илајди евра.

- Сакам да истакнам дека заштитата на културно-историските споменици е меѓу приоритетите на Министерството за култура, рече Љутков.

При денешната посета на Гостивар делегацијата на министерството ги посети и Беговата куќа еден од најзначајните споменици на културата во Гостивар, и куќата на Ахмет Чаку која е типичен пример на ахитектура од османлискиот период изградена во 18 век, Саат кулата, старото Медресе од 17 век. За овие објекти досега се доделени 9.243.277 денари или околу 150.000 евра. згм/дма/

Фото: Министерство за култура и туризам

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан