• петок, 28 јуни 2024

Јувентус размислува за враќање на Мората

Јувентус размислува за враќање на Мората

Торино, 9 јуни 2024 (МИА) - Јувентус може да се обиде да го врати напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, пренесува „Tuttosport“.

Според италијанскиот медиум, ваквата одлука на тимот од Торино се должи на тоа што напаѓачот Аркадиуш Милик заработил повреда на менискусот и се очекува да биде надвор од терените околу шест недели. 

Иако Милик би можел да се врати за стартот на следната сезона, Јувентус размислува за враќање на Мората.

Сепак, дека доколку шпанскиот фудбалер реши да се пресели во клуб од Серија А, најверојатно ќе мора да се согласи на намалување на платата.

Триесет и едногодишниот играч веќе играше за Јувентус од 2014 до 2016 година, а потоа и од 2020 до 2022 година. Неговиот договор со Атлетико е до јуни 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан