Јубилејна изведба на претставата „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов
- Во Младински културен центар (МКЦ) в среда ќе биде одиграна 50-тата јубилејна изведба на претставта „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов.

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Во Младински културен центар (МКЦ) в среда ќе биде одиграна 50-тата јубилејна изведба на претставта „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов.
Во претставата играат актерите Мирјана Ристов и Роберт Ристов, а во видеата, кои се дел од дејствието учество земаа: Зорица Панчиќ, Благоја Чоревски – Чоре и Љубомир Свановиќ (гостин од Бања Лука).
Како што информира Театар Провокација, оваа комедија во последните неколку години со право можеме да кажеме дека го освои регионот, а беше и наградена со Гран при на Меѓународниот фестивал на дуодрама во Топола, Србија. Претставата освен тоа што е изведувана, скоро низ сите градови низ земјава, гостуваше и во: Трелеборг (Шведска), Белград, Нови Сад, Шабац, Рума, Шид, Врање, Сараево; Бања Лука, Вараждин...
- Не пропуштајте ја можноста да уживате во јубилејната 50-та изведба на урнебесната комедија „Разведи ме“, која експлицитно и без цензури ги отвара темите за неверството и разводот, ставајќи ве во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено - морални вредности. Оваа 50 -та изведба е уште една потврда за достигнувањата на „Театар Провокација“, кој веќе шеста година, успешно ја испишува својата приказна, како независен театар, чија мисија е да провоцира и биде совеста на општеството во кое живееме, се вели во соопштението од Театар Провокација. мд/са/
Фото: Театар Провокација / Фотографиите се авторизирани од Џенат Дрековиќ (Сараево)