• среда, 03 јули 2024

ЈСП: За 1, 2 и 3 мај автобусите ќе возат по неделен возен ред

ЈСП: За 1, 2 и 3 мај автобусите ќе возат по неделен возен ред
Скопје, 29 април 2020 (МИА) - ЈСП информира дека јавниот превоз во петок 1 Мај, сабота 2-ри и недела 3 мај ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, можете да го видите на интернет страницата на ЈСП. В петок и в недела од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот). - В сабота од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот), информираат од ЈСП. Оттаму потсетуваат дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието. - Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е согласно одлуката на Влада на РСМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници, велат од ЈСП. ир/сп/

Остани поврзан