• петок, 28 јуни 2024

ЈСП Скопје : Раководството работи професионално и ја запре лошата пракса на партиски вработувања

ЈСП Скопје : Раководството работи професионално и ја запре лошата пракса на партиски вработувања

Скопје, 1 ноември 2023 

Jавното сообраќајно претпријатие Скопје расчистува со партиските вработувања и превработеноста која создаваше сериозен товар на месечно ниво на буџетот на ова јавно претпријатие.

Со години различни градски администрации на претпријатието се однесувале кон ЈСП како кон приватен бизнис од кој на секој можен начин се обидувале да извлечат лична корист со цел полнење на своите џебови на грбот на скопјани.

Претходните администрации во претпријатието тоа го правеле преку наместени тендери, криминал и корупција и партиските вработувања кои станаа рак рана на македонското општество. Претходните администрации поради ваквото работење создадоа во ЈСП структурни проблеми за кои ќе бидат потребни години за да се решат.

Никој во ЈСП не е избркан од работа туку едноставно на лица кои преку партија биле ставени на платен список во претпријатието со договор на дело им се истечени договорите за работа. 

Раководството на Јавното сообраќајно претпријатие работи професионално и ја запре лошата пракса на партиски вработувања кои беа сериозно оптоварување за буџетот на претпријатието.

Со постоечкиот кадар кој е вработен на неопределно време ЈСП го исполнува оптималниот кадровски капацитет за пружање на граѓаните кои користат јавен превоз редовна, безбедна и сигурна услуга.

 

Одделение за односи со јавност на ЈСП Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан