• петок, 22 ноември 2024

ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) – Санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Општина Центар, во период од 4 до 10 ноември, информираат од ЈП „Паркинзи“.

Оттаму посочуваат дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, минатата недела, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети 194 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ соопштуваат дека заедно со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општината. ир/цр/

 

Фото: ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан