Голем одрон на патот Струмица-Валандово, сообраќајот се одвива отежнато и забавено
- Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента.

Струмица, 4 април 2025 (МИА) - Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента.
Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил од каде повика граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Ги повика и надлежните институции веднаш да постапат и да превенираат поголема катастрофа.
Додава дека како градоначалник стои на располагање на државните институции доколку имаат потреба од било каква помош од Општината.
Инаку, пред малку и од АМСМ известија дека е отежнат сообраќајот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, заради одрони и сообраќајот се одвива отежнато и забавено. рт/дма/
Фото: Фејсбук Костадин Костадинов