• вторник, 01 октомври 2024

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Дебар, 1 октомври 2024 (МИА) – Со претставата „Графити“ во изведба на театарот од Прешево и доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 23. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

Стручното жири наградата за најдобар актер му ја додели на актерот Јордан Симонов, за улогата на Павле, во претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи, а во изведба на актери од Македонскиот народен театар.

Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов, за истата улога, го доби највисокото актерско остварување, лауреат.

За најдобра актерка беше прогласена Суела Бајко од театарот „Алексадар Моисиу“ од Драч, која настапи во претставата „Отворен пар“ што заедно ја изведоа со актерите на гостиварскиот тетар. Наградата за најдобра режија му беше доделена на Куштрим Бектеши за претставата „Измамите на Патук“ во изведба на тетовскиот тетар. За најдобра претстава, стручното жири одлучи да ја прогласи „Графити“ на театарот од Прешево, во режија на Насер Шатроли.

- Задоволството е големо што успешно го релизиравме и ова издание на фестивалот. Голема благодарост до сите кои го помогнаа неговото одржување, до учесниците и секако до дебарската публика, која, сите шест фестивалски вечери ја имаше во преполната сала во Центарот за култура. Останува да го опствариме нашиот долгогодишен сон, оваа значајна манифестација да биде иституцонализирана. Не знам, но, да бидам искрен, верувам дека тоа конечно ќе се оствари, рече за МИА, Илбер Нуредини, директор на фестивалот.

Одржувањето на фестивалот финансиски беше поддржан од македонското Министертво за култура со 750 илјади денари, општина Дебар со 370 илјади, како и други донатори. вт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан