• понеделник, 23 декември 2024

Јермак: Украина очекува правични одлуки на самитот на НАТО во јули

Јермак: Украина очекува правични одлуки на самитот на НАТО во јули

Киев, 8 март 2024 (МИА) -  Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак изрази надеж дека на самитот на НАТО во Вашингтон во јули 2024 година ќе бидат донесени правични одлуки, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на публикација на веб-страницата на шефот на украинската држава.

Јермак се сретна со делегација од американскиот тинк-тенк институт Хадсон, предводена од нејзиниот претседател и извршен директор Џон Волтерс и му се заблагодари за посетата, како и за постојаната поддршка за Украина во борбата против руската агресија.

-Важно е да се види со свои очи дека Украинците остануваат силни и продолжуваат да се борат за својата слобода, рече Јермак.

Тој ја истакна важноста од континуираната поддршка на САД за Украина.

Јермак, исто така, истакна дека Украина се надева на правични одлуки на самитот на НАТО во Вашингтон во јули 2024 година. Тој потсети на создавањето на Меѓународната работна група за безбедност и евроатлантска интеграција на Украина, која особено развива предлози за интеграција на Украина во Алијансата.

Учесниците на состанокот се согласија да одржуваат редовна размена на мислења и координирани чекори за понатамошна соработка.

Ермак и поранешната финска премиерка Сана Марин, која е дел од Меѓународната работна група за безбедност и евроатлантска интеграција на Украина, разговараа за ситуацијата на фронтот и изгледите за пристап на Украина во ЕУ и НАТО. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан