• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Ханделсблат“: ЕУ и Кина започнаа преговори за укинување на царините на ЕУ за кинеските електрични возила

„Ханделсблат“: ЕУ и Кина започнаа преговори за укинување на царините на ЕУ за кинеските електрични возила

Брисел, 10 април 2025 (МИА) - Европската Унија и Кина почнаа преговори за укинување на царините на ЕУ за увоз на кинески електрични автомобили, објави денеска германскиот весник Ханделсблат (Handelsblatt).

Комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчович, се сретна со кинескиот министер за трговија, Ванг Вентао, за време на посетата на Пекинг кон крајот на март. Двете страни се согласија да го решат спорот околу царините на ЕУ преку преговори, според весникот.

Европската Унија воведе царини на електричните возила произведени во Кина кон крајот на минатата година, наведувајќи дека тие се неопходни за да се спротивстават на евтините заеми, земјиштето, суровините и другите субвенции. Целта, според ЕУ, е создавање рамноправни услови за конкуренција, а не целосно исклучување на кинеските производители на автомобили. Европската комисија изјави дека е подготвена да продолжи со преговори за алтернатива на царините со Кина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан