• недела, 15 септември 2024

Јаховиќ на 37 години потпиша за Нерлидере 

Јаховиќ на 37 години потпиша за Нерлидере 

Измир, 14 септември 2024 (МИА) - Поранешниот репрезентативец на Македонија, Адис Јаховиќ (37) потпиша за Нерлидере.

Се работи за состав од пониските лиги во Турција, а претходно во оваа земја ги носеше дресовите на Гезтепе, Коњаспор, Јени Малатијаспор, Анталијаспор и Бодрумспор.

Јаховиќ во својата долгогодишна кариера настапуваше за тимови од Македонија, БиХ, Швајцарија, Укриана, Русија и Хрватска. 

За репрезентацијата на Македонија настапи на 19 натпревари.дс

Фото: Фејсбук/ Нерлидере

Остани поврзан