• недела, 15 септември 2024

Нотингем го победи Ливерпул на „Енфилд“ по пауза од 55 години

Нотингем го победи Ливерпул на „Енфилд“ по пауза од 55 години

Ливерпул, 14 септември 2024 (МИА) - Ливерпул ги шокираше своите навивачи откако на домашен терен загуби со 0-1 од Нотингем во 4.коло од Премиер лигата.

Победата беше прва за Форест на „Енфилд“ по 55 години, а со тоа тимот собра 8 бода од првите 4 натпревари, додека „црвените“ остануваат со 9.

Севкупно, домаќините не беа толку доминантни во нападот како на претходните натпревари, се мачеа против добро поставениот противник, кој дефинитивно покажа раст во однос на минатата сезона. дс

Фото: Фејсбук/Ливерпул

Остани поврзан