• петок, 22 ноември 2024

Де Лихт прогласен за Играч на мечот: Три бода по три натпревари дефинитивно не се доволни

Де Лихт прогласен за Играч на мечот: Три бода по три натпревари дефинитивно не се доволни

Саутемптон, 14 септември 2024 (МИА) - Централниот бек Матаис де Лихт беше прогласен за играч на натпреварот по победата на неговиот Манчестер Јунајтед од 3:0 над Саутемптон.

Холанѓанецот се претстави многу добро за „црвените ѓаволи“ во одбраната по двете кошмарни грешки кои ги направи на паузата за репрезентациите, а со глава го погоди и првиот гол за победа на својот тим.

Токму овој гол во голема мера го сврте текот на играта.

-Победата очигледно беше многу важна за нас. Три бода по три натпревари дефинитивно не се доволни, така што имаше одреден притисок, но мислам дека денеска одигравме многу добро. Голема заслуга има и Андре Онана, кој го одбрани важниот пенал и ја промени играта. Тоа не е баш желба да се докажувам, повеќе дека некогаш работите не одат како што треба и треба да останете позитивни. За мене е важно да го најдам ритамот бидејќи одамна не одиграв два последователни натпревари во една недела, па среќен сум што одиграв еден и пол, изјави Де Лихт по натпреварот.

Тој потоа ги пофали играчите на „црвените ѓаволи“, поздравувајќи ги своите нови соиграчи додека ги уверуваше навивачите за неговата кондиција. Холанѓанецот беше заменет со Хари Мегваер, како и неговите соиграчи во одбраната, Нусаир Мазрауи и Лисандро Мартинез, при што сите тројца наидоа на различни проблеми во рок од само петнаесет минути.

-Уживам во ситуацијата, имаме одлична група, неверојатни играчи. Има многу млади момци кои треба да се развијат. Се надевам дека ќе постигнеме уште слични резултати и ќе се развиваме како тим. Добро сум, само имав благ грч во последните неколку минути. Ова е мојата прва недела со три натпревари по ред во пет месеци. Сакав да играм до крај, но тренерот реши да ме замени, заклучи Де Лихт. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан