• петок, 22 ноември 2024

Јапонија, Германија и Франција испраќаат ровер до сателитот на Марс, Фобос

Јапонија, Германија и Франција испраќаат ровер до сателитот на Марс, Фобос

Париз, 29 јуни 2023 (МИА) - Меѓународен тим истражувачи предводени од Јапонија наскоро ќе испратат мал роботизиран ровер на Марсовиот природен сателит Фобос.

Јапонија, Германија и Франција имаа потпишано договор за развој на роверот и истражување на Фобос. Роверот ќе биде лансиран како дел од јапонската мисија за истражување на месечините на Марс (ММX) и ќе работи на површината на Фобос со ниска гравитација.

Роверот беше претставен на овогодишниот Саем за воздушно-вселенски истражувања во Париз, Франција. Неговата мисија ќе биде да собира примероци коишто ќе бидат пренесени на Земјата со вселенското летало „ММX“. Мисијата, се наведува, може да обезбеди непроценливи информации за потеклото на Фобос.

Развојот на роверот наречен „ИДЕФИКС“ е речиси завршен, вклучувајќи ги сите инструменти и системи, а лансирањето треба да се случи во текот на летово. си/рп/

Остани поврзан