Јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура
- Во НУ Кинотека на Северна Македонија во Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура, информираат од ресорното Министерство.
Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Во НУ Кинотека на Северна Македонија во Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура, информираат од ресорното Министерство.
Предлог-законот за култура го изготвија Министерството за култура, експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот, претставници од независната културна сцена, претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата), претставници од двата репрезентативни синдикати во културата – СОНК и СКРМ и вработени во установите од областа на културата. бт/мд/