Јавен повик за прибирање предлог- проекти за Буџетот на Општина Берово за 2024 година
- Општина Берово распиша јавен повик за поддршка на проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на Берово во повеќе дејности. Целта, како што истакнаа од Општината, е учество на граѓанскиот сектор во креирање на Буџетот на Општина Берово и унапредување и развој на Општината, според мерка на граѓаните, како и успешна реализација на Програмите за 2024 година.
Берово, 26 октомври 2023 (МИА) - Општина Берово распиша јавен повик за поддршка на проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на Берово во повеќе дејности. Целта, како што истакнаа од Општината, е учество на граѓанскиот сектор во креирање на Буџетот на Општина Берово и унапредување и развој на Општината, според мерка на граѓаните, како и успешна реализација на Програмите за 2024 година.
-За таа цел се повикуваат сите здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од јавен интерес, да пројават интерес на овој Јавен повик. Општина Берово ќе поддржи проективо следниве дејности: Локален економски развој, Туризам, Социјална заштита, Спорт и спортски активности, Култура, Млади и младински активизам, Заштита на животна средина, Енергетска ефикасност и Транспарентност и демократија, информираа од општина Берово.
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани, Здруженија на граѓани, фондации и други правни лица кои имаат седиште на територијата на Општина Берово.
-Понудените проекти да бидат реализирани на територијата на Општина Берово или да бидат наменети за жителите на Општина Берово. Пријавувањето на проекти се врши со доставување на пополнета пријава, која е објавена на веб страната на Општина Берово. Пријавите треба да се достават до Општина Берово, на следнава адреса: ул.,,Димитар Влахов” бр. 10 , 2330 Берово или лично во Архива на Општина Берово, најдоцна до 15:30 часот, на 5.11.2023 година, додадоа од Општината.
За резултатите од јавниот повик, учесниците ќе бидат писмено известени, а износот на финансиската поддршка на одобрените проекти за внесување во одредена програма, ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот.
Висината на износот со кој финансиски ќе бидат поддржани прифатените проекти, ќе биде одлука на комисијата, согласно извршено бодување и комплексноста на предлог проектот. Доставените апликации, претставуваат основа за креирање на Програмите за 2024 година и планирање на Буџетот на Општина Берово за 2024 година. вс/љм
Фото: Општина Берово