• недела, 22 декември 2024

Министерот Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски

Министерот Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков оствари средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски и со заменик директорот, Илир Исени.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало за клучните предизвици со кои се соочува Академијата. Биле разгледани решенија кои ќе овозможат подобри просторни услови и проширување на капацитетите во кои ќе се одржуваат обуките на идните судии и обвинители.

- Еден од аспектите за кои се разговараше беше и потребата за оптимизација на роковите за полагање на испити во Академијата со цел да се овозможи нивно побрзо и поефикасно организирање, што ќе им овозможи на идните судии и јавни обвинители побрзо да го завршат процесот и да започнат со работа, информираат од Министерството.

Соработката меѓу Министерството за правда и Академијата, како што е наведено во соопштението, ќе продолжи и во наредниот период преку размена на искуства и ресурси со цел да се креираат иновативни програми за обука, кои ќе одговорат на потребите на правосудството. дма/аа/

Фото: Министерството за правда

 

Остани поврзан