• четврток, 21 ноември 2024

Струга ќе го одбележи јубилејот 80 години од ослободувањето

Струга ќе го одбележи јубилејот 80 години од ослободувањето

Струга, 7 ноември 2024 (МИА) - Со свечена седница Советот на Општина Струга утре ќе го одбележи јубилејот 80 години од ослободувањето на градот од фашистите во Втората светска војна.

Во рамките на одбележувањето предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на Револуцијата и на бистите на паднатите борци на кејот на реката Црн Дрим, во организација на Општинската организација на Сојузот на борците.

А јубилејот 80 години слободна Струга со низа манифестации ќе биде одбележан и од учениците во основните училишта.

Борбите за слобода почнале на 19 октомври 1944 година во раните утрински часови. Струга ја бранеле од Германската војска и нивните помагачи, а борците кои војувале да ја ослободат Струга биле во многу тешка положба, бидејќи окупаторот бил внатре и неможеле да напаѓаат. Во тешката и неизвесна борба со окупаторот загинале многу млади луѓе од Струга и струшко. Но, иако опкружени од сите страни, на страната на срушките борци бил идеалот Струга да биде слободна.

Повозрасните стружани се присетуваат на кажувањата на нивните блиски за жарот и среќата која се расширила утрото на Митровден, 8 ноември кога градот бил ослободен од окупаторот.

Денес, Струга е модерен град. Град што блика со својата светлост и убавина, град на две води, на мостовите и поезијата, пример за мултиетничка и мултикултурна толеранција. сс/са/

Фото: плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан