• среда, 03 јули 2024

Јавен повик за нови пожарникари-волонтери во Делчево

Јавен повик за нови пожарникари-волонтери во Делчево

Делчево, 15 февруари 2023 (МИА) - Доброволното противпожарно друштво „Волонтер" од Делчево распиша повик за нови членови. Повикот ќе биде отворен до 1 март годинава, по што ќе следува обука за кандидатите кои ќе бидат избрани.

-Целта на јавниот повик е да го зголемиме нашето членство, а воедно и да ги научиме доброволците да учествуваат во гаснењето на пожар, да помагаат на локалната заедница и да ја заштитат животната средина. Сето тоа преку стекнување нови вештини, знаења и техники, се вели во објавата на ДПД „Волонтер" од Делчево.
 
На јавниот повик, како што додадоа, можат да се пријават лица со навршени најмалку 16 години.
 
-Ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават на телефон 072/443-892 или на е- маил адресата dpdvolonterdelcevo@gmail.com, додадоа од делчевското доброволно друштво. Обуката која ќе следува во понатамошната фаза како што додадоа од ДПД „Волонтер" ќе се реализира со поддршка на Територијалната противпожарна единица од Делчево. вс/дма/

Остани поврзан