• вторник, 24 декември 2024

Јавен конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола за 2023 година

Јавен конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола за 2023 година

Битола, 20 септември 2023 (МИА) - Општина Битола денеска објави јавен конкурс за доделување на највисокото општинско признание, наградата „4-ти Ноември“.

Наградата се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Општината, Република Северна Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории, едногодишна за достигања во периодот од 01.08.2022 до 31.07.2023 година и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а наградата за животно дело се доделува во вид на диплома и паричен износ. Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци. 

- Конкурсот трае до 20 октомври, информираа од Општина Битола. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан