• вторник, 05 ноември 2024

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) – Судскиот совет денеска на итна седница ги избра судиите Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев за судии во Апелациониот суд во Штип.

Судијата Ѓорѓи Андонов од Основниот суд во Штип доби најмногу гласови од Советот и покрај тоа што беше втор на ранг листата, на која прва беше судијката Цона Каламерникова, а останати кандидати беа судиите Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.

Како што се изјаснија најголем дел од членовите на Советот, својот глас за Андонов го дадоа поради тоа што, и покрај тоа што има еден бод помалку од Каламерникова, пресуден бил неговиот придонес во судството со бројните ангажмани надвор од неговото работно место.

Судијата Панев од Основниот суд Штип беше избран за судија од граѓанска област каде кандидати беа и судиите Сузана Милевска и Александар Цацков. ар/бак/

Фото:МИА

Остани поврзан