Штрајк на Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција
- Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ), утрово започна 24-часовен штрајк и меѓу другото бараат реални зголемувања на платите, потпишување колективни договори, враќање на бонусите, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 21 мај 2024 (МИА) – Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ), утрово започна 24-часовен штрајк и меѓу другото бараат реални зголемувања на платите, потпишување колективни договори, враќање на бонусите, јави дописничката на МИА од Атина.
Од АДЕДИ велат дека во период кога земјата се соочува со сериозни поскапувања, „Владата на Нова Демократија ги залажува вработените во јавниот сектор со смешни покачувања на платите од 38-42 евра месечно, воведено во април годинава“.
Од Синдикатот за претпладнево закажаа и протест во центарот на Атина пред Министерството за финансии. ср/
Фото: Архива МИА