• понеделник, 23 декември 2024

Што сѐ ги нервира вашите колеги кај вас?

Што сѐ ги нервира вашите колеги кај вас?
Москва, 10 јули 2020 (МИА) - Испитување на мислењето спроведено месецов меѓу 4.200 корисници на услугите за барање работа во Русија, покажува кои се најнепријатните и најиритирачки особини кај колегите со коишто работите. Испитаниците имаа да изберат не повеќе од три опции како одговор. Според резултатите, на прво место на списокот е лицемерството - со 40 отсто од одговорите на испитаниците. Навиката за озборување и сплеткарење го зазема второто место - така мислат 34 отсто од луѓето. На трето место, според 33 насто од испитаниците е непочитување кон работата на другите. Натаму, 32 отсто од анкетираните ја идентификувале непрофесионалноста како иритирачка, а неодговорноста ги затвора првите пет - 23 насто од испитаниците го посочиле тоа. Натаму следат караниците (20 отсто), мрзеливоста (15 отсто), тесни погледи и предрасуди (13 отсто), малодушност (9 отсто), лоши манири (7 отсто), лоши навики (5 отсто) и „друго“ коешто го избрале три отсто од испитаниците. си/

Остани поврзан