• петок, 22 ноември 2024

Штип ќе добие нов затворен спортски центар со капацитет од 1 000 гледачи, поставен камен темелник

Штип ќе добие нов затворен спортски центар со капацитет од 1 000 гледачи, поставен камен темелник

Штип, 24 јуни 2024 (МИА) - Општина Штип официјално започна со градба на нов затворен спортски центар „Џексон“ со капацитет од 1 000 гледачи. Проектот е со вредност од 66 милиони денари, а рокот на изведба е осум месеци.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваше и премирот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот Иван Јорданов, министри, пратеници и советници од Штип.

Градоначалникот Јорданов рече дека „Џексон“ е спортски центар под отворено небо во срцето на Штип, којшто во  дамнешни времиња имал важна улога во секојдневието на штипјани.

- Изминатата година по неколку консултации како и во комуникација со спортските работници, изработивме проект кој беше основа за да започне ова денес, со што ќе се зголеми развојот и промоцијата на спортот во нашиот град. Со реализација на овој проект, штипјани конечно ќе добијат современа спортска сала со намена за повеќе спортови и настани, изјави Јорданов.

Проектот, појасни Јорданов, предвидува овој простор како култно место да прерасне во затворен спортски центар со капацитет од 1000 гледачи како и опрема и содржини кои што ќе го претворат во модерен објект за сегашните и идни генарации. вдј/аа/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан