• недела, 19 мај 2024

Штип се подготвува за трката „Superior runs“

Штип се подготвува за трката „Superior runs“

Штип, 19 април 2024 (МИА) - Втора година по ред се организира трката „Superior runs“, која ќе се одржи во недела во централното градско подрачје со почеток од 10 часот. На трката досега се пријавени 1.415 учесници, од кои има и гости од Чешка, Хрватска, Грција и Србија. Дејан Ѓошев претседател на Здружението „Супериор ран-Стани трчај“ вели дека ова е рекорден број на пријавени учесници до сега.

-Трката исто како и лани ќе биде на пет и на десет километри, почетокот е во 10 часот наутро во недела. Се надеваме дека времето ќе не послужи, немора да биде сончево, но со одлични временски услови за трчање. Нема да има поделба во групи, трката започнува во исто време. Имаме гости од старна, учесници од Чешка, Хрватска, Грција, Србија, полека но сигурно се движиме во правец да биде призната од атлетската федерација на Макеоднија. Стартниот дел е во централното градаско подрачје, пред филијалата на Стопанска банка, вели Ѓошев.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешмната прес-конференција рече дека трката ќе се одвива околу коритото на река Отиња, до штипско Ново Село, покрај споменикот „Кирил и Методиј“, градското собранието, паркот „Пролече“ до стартната точка.

-Навистина ми е задоволство што веќе втора година по ред се одржува една од најмасовните досега трки, можам слободно да кажам во истокот во Македонија, а дефинитивно и во нашиот град а тоа е Superior runs. Во престојните делови очекувам да се финализираат сите подготовки. Има повеќе од 1400 учесници како што добив информација од самите организатори. За нас како општина ова е од големо значење затоа што смаата општина ќе биде посетена од многу луѓе од страна и од други околни држави. Настан кој е за поздравување затоа што промовира здрави вредности, затоа што ги мотивира младите да спортуваат да водат здрав начин и го промовираат нашиот град, вели Јорданов.

Тој вели дека локалната самоуправа се гордее со ваквите настани ги поддржуваат и се надеваат дека во иднина ќе мотивираат и други општествено одговорни компании и здруженија да организираат заднички со Општина Штип. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан