Штип се подготвува за Новогодишниот базар
- На шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип денеска се поставуваат дрвените куќички, кои ќе бидат дел од Новогодишниот базар, кој почнува на почетокот на декември. Во овие дрвени куќички на шеталиштето ќе се продаваат храна, пијалоци, новогодишни украси и сувенири. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека во декември и јануари ќе има богата програма за Новогодишните и Божиќни празници, за што на шеталиштето ќе се постави и бина.
Штип, 28 ноември 2025 (МИА) – На шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип денеска се поставуваат дрвените куќички, кои ќе бидат дел од Новогодишниот базар, кој почнува на почетокот на декември. Во овие дрвени куќички на шеталиштето ќе се продаваат храна, пијалоци, новогодишни украси и сувенири. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека во декември и јануари ќе има богата програма за Новогодишните и Божиќни празници, за што на шеталиштето ќе се постави и бина.
-Ќе има богата забавна, културна, уметничка програма со која ќе се анимираат најмладите, возрасните, жителите на нашиот град, но верувам дека вниманието ќе биде свртено кон нас. Штипјани заслужуваат предновогодишните и божиќни празници да добијат една позитивна атмосфера, да се почувствуваат посреќно, позадоволно и поубаво во сопствениот град, вели Јорданов.
Во тек е и новогодишното украсување низ централното градско подрачје, мостовите, булеварите низ градот, а ќе се постават и неколку елки низ градот Штип. За дочекот на Новата 2026 година во Штип ќе има музичка програма и други содржини, кои ги предвидува општината. вдј/ев/
Фото: МИА