• петок, 22 ноември 2024

Штипјанецот Мијалков го пријави говорот на омраза на социјалните мрежи во полиција

Штипјанецот Мијалков го пријави говорот на омраза на социјалните мрежи во полиција

Штип, 22 август 2023 (МИА) - Штипјанецот Зоран Мијалков, татко на две деца со аутизам, случајот со говорот на омраза и насилство на социјалните мрежи, кои деновиве ги трпи од Ранко Србакоски го пријави во Полициската станица во Штип. Мијалков на „Фејсбук“ во видеопорака вели дека се има доживеано во неговиот живот, а единствена цел му е борбата за неговите два сина, но и за сите деца со посебни потреби.

- Жално што е и вчера сакав да му дадам шанса, да се покае, да се извини и го поканив на гости да се запознае со мене и децата, за да виде колку греши со тоа што го напишал. Но, за жал не се кае. Затоа што, не само моите деца, туку сите деца се навредени. Денеска одам повторно во полиција и се надевам дека инспекторот ќе биде таму, за да го пријавам, вели Мијалков.

МИА вчера информираше дека и од Првата детска амбасада „Меѓаши“ е поднесена кривична пријава против Ранко Србакоски.

- Во врска со овој случај во текот на вчерашниот ден „Меѓаши“ реагираше до МВР и Одделот за компјутерски криминал по основ ширење на говор на омраза и насилство преку социјалните медиуми, согласно Член 394 од Кривичниот законик, објасни вчера Клементина Добревска од Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Мијалков на социјалните мрежи доби поддршка, а граѓаните и граѓанските активисти бараат санкции за Србакоски кој продолжува со ксенофобичните и расистички пораки, како и закани.

МВР вчера за МИА информираа дека пријавата е пристигната од страна на „Меѓаши“ и веќе се постапува по овој случај. вдј/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан