• петок, 28 јуни 2024

Штипските институции, граѓански организации, пожарникари и фирми почнуваат со акции за собирање на пари за лекување на Сибил Омерова

Штипските институции, граѓански организации, пожарникари и фирми почнуваат со акции за собирање на пари за лекување на Сибил Омерова

Штип, 31 мај 2024 (МИА) - Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, децата од ликовното студио под менторство на Верица Наумова, граѓански организации, пожарникари, фирми се вклучуваат во акцијата за собирање на околу 70.000 евра за штипјанката Сибил Омерова, која во моментов е во Турција на лекување. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков на денешната прес-конференција истакна дека сите средства од изложбата на децата и учениците од ликовното студио, а која ќе се одржи вечерва во Галеријата 22 во Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе бидат донирани за штипјанката Омерова.

-Сите средства од продажбата на сликите ќе бидат донирани за Сибил Омерова, а кои се потребни за операција во Турција. Во моментов сме собрани повеќе граѓански организации за да направиме една стратегија за да можеме да излеземе во пресрет што побрзо да се соберат овие средства, затоа што таа веќе е во Турција. Инаку таа е медицинско лице, им има помогнато на многу луѓе и ред е ние како граѓани да се солидаризираме и секој во својата област да придонесе, вели Трајков.

Горан Коцев татко на Христијан Коцев за кого лани се собираат средства за лекување, но битката ја изгуби со ретката болест вели дека знае низ што поминува Сибил и нејзиното семејството.

-Кога сите граѓани се консолидирани, јас го минав овој пат. Граѓаните независно од етничка, верска, политичка определба мислам дека средствата за Сибил брзо ќе ги соберат, исто какошто беше и за мојот случај, вели Коцев.

Штипските пожарникари на јавија дека на неколку пункта ќе постават кутии за собирање на донации, а на нив волонтерски се вклучуваат пожарникари, здравствени работници и граѓани.

Во моментот младата штипјанка, која е медицинско лице, со дел од семејството е во Истанбул. Единствено тамошните лекари се нафатиле да ја оперираат, а потоа и да продолжи со хемотерапија. За двете операции и хемотерапијата потребни се 70.000 евра. Во наредните денови во Штип ќе се организираат концерти, хуманитарни акции, а исто така и фирмите се приклучија во донирање на средства. вдј/ев/

Фото: МИА 

Остани поврзан