• сабота, 21 декември 2024

Шпанскиот премиер сведочи за корупцискиот случај во кој беше обвинета неговата сопруга

Шпанскиот премиер сведочи за корупцискиот случај во кој беше обвинета неговата сопруга

Мадрид, 30 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот премиер, Педро Санчез денеска сведочи во случајот во кој неговата сопруга е обвинета за корупција и рече дека случајот е дел од кампањата за клеветење.

Групата наречена „Manos Limpias“, („Чисти раце“), која се опишува себеси како синдикат, тврди дека сопругата на Санчез, Бегоња Гомеш, ја искористила својата позиција за да влијае на деловните зделки. Многу случаи на оваа група главно неуспешно се насочени кон левичарските политичари.

Судијата Карлос Пеинадо, кој писмено го одби барањето на Санчез да сведочи, денеска дојде во резиденцијата на премиерот за да даде изјава.

Канцеларијата на шпанското јавно обвинителство препорача да се прекине истрагата, но покраинскиот суд одлучи дека судијата од понискиот суд може да ја продолжи. Судијата или ќе ги отфрли обвиненијата или ќе препорача случајот да оди на судење.

Откако беше покрената истрагата, Санчез ја запрепасти нацијата со тоа што во отворено писмо објавено на социјалните мрежи во април рече дека ќе размисли да се повлече од функцијата поради, како што рече, „напад без преседан“ на неговата сопруга. По пет дена молк, Санчез рече дека одлучил да остане на функцијата.

Бегоња Гомеш нема никаква јавна функција или големо политичко влијание. Студирала маркетинг и била вклучена во проекти за собирање средства и невладини организации. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан