• петок, 22 ноември 2024

Шоуто „Симпсонови“ се залага за повеќе отворени можности за малцинствата во САД

Шоуто „Симпсонови“ се залага за повеќе отворени можности за малцинствата во САД
Лос Анџелес, 28 септември 2020 (МИА) - Почетокот на 32. сезона на „Симпсонови“ го обележа дебитирањето на Алекс Десерт кој го позајмува гласот на Афроамериканецот Карл Карлсон - пријателот на Хомер Симпсон. Карл досега го толкуваше глумецот Хенк Азарија, инаку белец. Цртаната серија претходно беше критикувана за тоа како, на пример, Индиецот во приказната - Апу е претставен преку оној карактеристичен индиски нагласок, но и другите „малцински“ ликови. И тој лик скоро 30 години, е натсинхронизиран од Хенк Азарија. Многумина го поздравија овој потег на продукциската компанија Фокс и поголемата застапеност на малцинствата. Продуцентите направија сличен потег и со серијата „Семеен човек“, каде што од неодамна ликот Кливленд Браун го толкува црнецот Ариф Захир. си/

Остани поврзан