• сабота, 18 мај 2024

Шолц: Трамп треба да ја напушти функцијата пред Денот на инаугурацијата

Шолц: Трамп треба да ја напушти функцијата пред Денот на инаугурацијата
Берлин, 12 јануари (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп треба да ја напушти функцијата пред Денот на инаугурацијата по немирите во Капитол хил, изјави денеска германскиот министер за финансии Олаф Шолц, додавајќи дека Берлин е убеден во добар почеток во односите со неговиот наследник Џо Бајден. Шолц истакна дека неговата најголема политичка цел е да постигне договор со администрацијата на Бајден до летото во рамките на ОБСЕ за нацрт глобалниот правилник за оданочување на претпријатијата. - Џо Бајден е вистинскиот човек за следното претседателство. Тој е добро позициониран да ги надмине социјалните поделби во најголемата светска економија и да ја излекува земјата по четири години претседателствување на Трамп во Белата куќа, рече Шолц. Тој исто така изјави дека има добри шанси за ново поглавје поврзано со трансатлантското партнерство. паг/

Остани поврзан