• сабота, 16 ноември 2024

Шолц телефонски разговарал со Путин за војната во Украина, првпат по две години

Шолц телефонски разговарал со Путин за војната во Украина, првпат по две години

Берлин, 15 ноември 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, првпат во последните две години, соопшти германската Влада.

Владиниот портпарол Штефен Хебстрајт објави дека за време на разговорот Шолц ја осудил „руската агресивна војна“ против Украина и го повикал Путин да ја прекине со повлекување на трупите што ја нападнаа земјата во февруари 2022 година.

Шолц, исто така, ја повика Русија да биде подготвена да преговара со Украина за да се постигне праведен и траен мир и ја изрази непоколебливата решеност на Германија да ја поддржи Украина во нејзината борба, се вели во писмената изјава на Хебстрајт.

Тој додаде дека Шолц претходно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека тоа ќе го направи повторно по разговорот со Путин.

Владата не соопшти колку долго разговарале Шолц и Путин, а германската новинска агенција ДПА објави дека разговорот траел околу еден час. паг/

Фото:МИА архива


 
 
 
 
 

Остани поврзан