• сабота, 06 јули 2024

Шолц најави создавање климатски клуб за помош на земјите во развој во намалувањето на индустриските емисии

Шолц најави создавање климатски клуб за помош на земјите во развој во намалувањето на индустриските емисии

Дубаи, 1 декември 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска најави создавање меѓународен клуб кој ќе им помогне на земјите во развој да инвестираат во намалување на емисиите на јаглерод во индустриите каде што тоа е потешко да се постигне, како што се производството на челик, цемент и алуминиум.

Таканаречениот климатски клуб, во кој досега аплицирале 36 земји за членство, има за цел да го забрза воспоставувањето техничка основа за унифицирање на пресметката на концентрацијата на јаглерод диоксид во избраните производи и предвидува отпочнување размена на информации при утврдувањето на нула емисии во челик и цемент, рече Шолц на климатскиот самит КОП28 во Дубаи.

Тој додаде дека Клубот ќе изготви и програма за задоволување на потребите на своите земји-членки со технички и финансиски ресурси од приватниот и јавниот сектор, додаде Шолц.

„Ова не само што ќе ги даде долгоочекуваните знаци на инвестирање на нашите национални индустрии, туку во исто време ќе ги води и другите земји“, рече Шолц. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан