• недела, 02 јуни 2024

Шефот на турската дипломатија замина во мини балканска турнеја

Шефот на турската дипломатија замина во мини балканска турнеја

Анкара, 28 јануари 2024 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска заминува на турнеја, во рамки на која ќе посети три балкански земји - Албанија, Бугарија и Романија. Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Турција на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Турнејата на Фидан ќе трае од 28 до 31 јануари.

За време на официјалните посети на Фидан на трите балкански земји, се очекува да се разговара за билатералните односи, како и за актуелни регионални и глобални прашања.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција, се додава дека Фидан ќе се сретне со турски бизнисмени и со претставници на турската заедница во Албанија, Бугарија и Романија. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан