• петок, 22 ноември 2024

Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

Париз, 1 јуни 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа американскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, изјавувајќи дека работи со француските партнери во регионот за да обезбеди „мир и безбедност за сите“.

Макрон на мрежата  „х“ соопшти дека се работи на „ослободување на заложниците, траен прекин на огнот со цел да се работи на мирот и напредокот на решението за две држави“.сд/

Остани поврзан