• петок, 22 ноември 2024

Шефот на кинеската дипломатија од Сингапур ја почнува турнејата во југоисточзна Азија

Шефот на кинеската дипломатија од Сингапур ја почнува турнејата во југоисточзна Азија

Пекинг, 10 август 2023 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска од Сингапур ја започна турнејата низ три земји од Југоисточна Азија, соопшти кинеската амбасада во Сингапур.

Во рамки на тридневната турнеја на шефот на кинеската дипломатија, предвидени се посети и на Малезија и Камбоџа.

„Кина очекува во рамките на посетата да ја зајакне својата стратешка комуникација со овие три земји од Југоисточна Азија“, соопшти вчера кинеското Министерство за надворешни работи.

Ванг Ји ќе остане во Сингапур до утре, со закажани средби со министерот за надворешни работи на Сингапур Вивијан Балакришнан и со премиерот на Сингапур Ли Сиен Лунг, се вели во соопштението на сингапурското Министерство за надворешни работи.

Сингапур, Малезија и Камбоџа се членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), која е во преговори со Кина за да подготви правила за управување со тензиите поврзани со територијалните спорови околу Јужното Кинеско Море.

Сингапур е важен финансиски центар во регионот и има добри односи и со Пекинг и со Вашингтон.

Утре, Ванг ќе отпатува за Малезија, каде што е предвидено да се сретне со премиерот Анвар Ибрахим.

Турнејата на кинескиот министер ќе заврши во Камбоџа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан