• сабота, 06 јули 2024

Шефот на грчката дипломатија во посета на Италија

Шефот на грчката дипломатија во посета на Италија
Атина, 16 ноември 2022 (МИА) – Зајакнување на билатералните односи, бегалското и мигрантското прашање, теми поврзани со Европската Унија, руската инвазија во Украина, како и случувањата во Источниот Медитеран и Либија, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ќе разговара со неговиот италијански колега Антонио Тајани и со другите италијански функционери,  за време на средбите во Рим, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија денеска е во посета на Италија, а средбата со министерот за надворешни работи на Италија ќе биде прва по преземањето на функцијата на Тајани во италијанската Влада. Дендиас ќе има работен ручек со новата претседателка на комисијата за надворешни прашања во Сенатот, а ќе се сретне и со новиот претседател на Постојаниот комитет за надворешни работи на Претставничкиот дом.ср/

Остани поврзан