• четврток, 04 јули 2024

Шефицата на Њукасл: Тим од Саудиска Арабија ќе учествува во Лигата на шампионите

Шефицата на Њукасл: Тим од Саудиска Арабија ќе учествува во Лигата на шампионите

Џеда, 8 март 2024 (МИА) - Косопственичката на Њукасл Јунајтед, Аманда Стејвли е убедена дека учеството на тим од Саудиска Арабија во Лигата на шампионите е прашање на време.

Таа раководи со клубот, чиј капитал потекнува од кралското семејство на Саудиска Арабија, па може да се каже дека е добро упатена во настаните и плановите на таа земја.

Стејвли беше една од гостите на самитот „Моќни играчи“ на „Блумберг“ во Џеда каде меѓу другото зборуваше и за фудбалскиот менаџмент.

- Сосема сум сигурна дека саудиски клуб ќе игра во Лигата на шампионите. Не знам колку време ќе биде потребно за да се случи тоа, но познавајќи ги Саудијците, мислам дека нема да биде долго, рече Аманда.

Проширувањето на Лигата на шампионите, кое стапува на сила од следната сезона, е јасен показател за правецот во кој УЕФА сака да оди во наредните години. Повеќе клубови, повеќе натпревари, повеќе пари од ТВ права, повеќе сè за да се заработат повеќе пари, во кои се повеќе се вклопува и пребогатата Саудиска Арабија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан